Лапорта нема трпение: Барселона му подготви отказ на Куман!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона одигра уште еден слаб натпревар против Гранада (1-1), па раководството на клубот наводно реши да му даде отказ на тренерот Роналд Куман.

Куман ќе добие отказ откако клубот договори нов тренер, а одлуката е донесена и се чека само официјална потврда во следните денови.

Неколку звучни имиња се споменуваат како можно решение на Барселона, а меѓу нив се Андреа Пирло, Филип Коку, Антонио Конте, Чави, Јоаким Лев.

Познатиот новинар Жерар Морено тврди дека најголем кандидат за клупата на Барселона е Пирло, кој во моментов е без работа.

Куман ја предводеше Барселона на 59 натпревари, а притоа има 36 победи, 11 ремија и 12 порази.