Лапорта обвинет дека поткупувал судии


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта се соочува со сериозни проблеми откако беше обвинет дека поткупувал судии.

Обвинителството во Шпанија соопшти дека Лапорта е дел од истрагата за поткуп на судии, откако во изминатите месеци беше актуелен случајот „Негреира“.

Наводно и Лапорта бил вмешан во поткупот на судии, а за тоа имало докази кои ќе се презентираат на суд против претседателот на Барселона.

Каталонскиот гигант во минатото му давала пари на поранешниот судија и претседател на судиската комисија Негреира за да им дава совети, но останува тоа да се докаже и на суд.