Лапорта решил да го избрка Куман, но потоа се појавил Кројф


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жорди Кројф, спортскиот советник на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и синот на најважната личност во историјата на клубот, Јохан Кројф спречил отказ на Роналд Куман.

Шпанската „ТВ3“ објави дека Лапорта решил да му даде отказ на Куман по поразот од 0-3 во Лигата на шампиони од Бенфика, но Кројф реагирал и го спасил Холанѓанецот.

„Минатиот петок Лапорта разговараше со Кројф, откако спортскиот советник го убеди претседателот дека е потребно да се прекинат медиумските шпекулации и јавно да му се даде поддршка на Куман“, соопштија Шпанците.

Еден ден подоцна Лапорта, пред мечот против Атлетико Мадрид, кажа дека Куман сигурно ќе остане тренер на Барселона.