Претседателот на Барселона Жоан Лапорта повторно зборуваше за Леонел Меси и откри дека каталонскиот клуб не се откажал од идејата да му приреди спектакуларно збогување на најголемиот фудбалер во својата историја на Камп Ноу.
Лапорта на Генералното собрание на делегатите на Барселона потврди дека клубот веќе разговарал со Меси за организирање на посебна церемонија, која би се одржала по завршувањето на работите на новиот Спотифај Камп Ноу.
Планот е стадионот, кој ќе има капацитет од речиси 105.000 гледачи, да биде исполнет до последно место за Аргентинецот да се прости од навивачите на начин кој не го доби при заминувањето во 2021 година.
“Му кажавме на Меси дека би сакале да организираме збогување за него откако стадионот ќе биде завршен, пред скоро 105.000 навивачи”, порача Лапорта.
Тој додаде дека конечната одлука сепак припаѓа на осумкратниот освојувач на Златната топка.
















