Лапорта во Љубљана го моли Чеферин да не ја суспендира Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта долетал во Љубљана, каде што треба да има состанок со првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин за иднината на каталонскиот гигант.

Лапорта сакал да се сретне со Чеферин и да го замоли да не брза со суспензија за Барселона поради случајот „Негреира“, кој ја крена шпанската јавност на нозе.

Барселона во период од 2001 до 2018 година исплаќала милиони евра на поранешниот потпретседател на судиската комисија, а многумина ја обвинија дека тоа е за да влијае на судиските одлуки, иако каталонската екипа има документи дека тие пари биле исплатени за судиски анализи.

Каталонскиот гигант се соочува со сериозни финансиски проблеми, па затоа Лапорта моли да не им биде забранет настап во европските натпреварувања бидејќи така ќе загубат многу пари.