Лазаров ги избра ракометарите за ЕП 2024


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Кире Лазаров го објави списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Од списокот отпадна само едно име, а тоа е левото крило на Пелистер, Цветан Кузманоски, па тоа значи дека Лазаров ќе го има на располагање само Петар Атанасијевиќ.

Македонија првиот меч го игра против Франција на 10 јануари, а потоа следат средби со Германија и Швајцарија.

Списокот е составен од Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.