Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за место во составот за Светското првенство, кое од 13 до 31 јануари 2027 година ќе се игра во Германија.
Македонија на Мундијалот ќе настапи во групата Х, заедно со Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите ќе ги игра во Магдебург, според ждрепката на Ај-ех-еф.
Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов, Никола Митревски, Иван Галевски и Марко Кизиќ.
Леви бекови: Филип Кузмановски, Дмитро Хориха, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ и Емилијан Ѓоргоски. Средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Дамјан Митев, Мирче Калајџиески и Мартин Ивановски. Десни бекови: Давид Савревски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов и Филип Николов.
Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Марио Стојановски, Цветан Кузманоски, Иван Џонов и Гоце Ојлески. Десни крила: Александар Петковски, Ален Ќосевски, Никола Костески и Ненад Белистојановски.
Пивотмени: Самоил Ристески, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Жарко Пешевски, Михаил Аларов и Валентин Карасманакис.
Во ноември репрезентацијата ги одигра и првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2028 година, забележувајќи убедлива победа над Луксембург од 41-23 и пораз од Грција од 29-24 во Халкида.
Подготовките на националниот тим треба да почнат на 22 декември и ќе се одвиваат во две фази, а пред заминувањето за Германија се планирани и пријателски натпревари.
Според распоредот што го објави Т-онлајн, Македонија на стартот, на 15 јануари, ќе игра против Јапонија во 18 часот, на 17 јануари против Бахреин, исто така во 18 часот, а групната фаза ќе ја затвори против Исланд на 19 јануари во 20:30 часот.
















