Лазаров: Израел нè изненади, но среќен сум поради триумфот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија славеше во денешниот дуел против Израел (31-28), кој се играше во рамки на подготовките за Европското првенство (ЕП) во ракомет, па така македонските ракометари ја запишаа третата победа во исто толку пријателски натпреварите.

Македонскиот селектор Кире Лазаров кажа дека е среќен поради победата против незгодниот Израел, иако противникот нè изненади во првото полувреме, па нашите ракометари мораа преку пресврт да го скршат ривалот.

„Израел ме изненади, иако го анализиравме преку видеа. Тоа е селекција која покажа дека игра добар ракомет, има добар систем и квалитетни ракометари. Со осум-девет бекови можат да бидат на висок ритам во тек на цел меч. Имавме позитивни и негативни страни, меѓутоа среќен сум поради победата. Очекувам да ги поправиме недостатоците во следните седум-осум дена“, кажа Лазаров.