Лазаров: Ниту на мене не ми е лесно, ние ќе се бориме до крај! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија на Светското првенство (СП) во Египет запиша дури четири порази и само еден триумф, па утре против Белорусија го играме последниот натпревар од главната фаза.

Капитенот Кире Лзаров го игра, можеби, своето последно СП во кариерата, а даде интервју за ХРС, при што кажа што мисли за Мундијалот и резултатите на Македонија.

„Имаме промена на генерација и знаевме дека не сме во добра ситуација, среќен сум што добивме повик да играме тука. Со федерацијата се договоривме да дојдам и да помогнам на младите ракометари. Морам да признаам дека е напорно, но го работам ова со срце. Цела Македонија тагува поради нашите порази со голема разлика, но знајте дека ниту на мене не ми е лесно. Промената е голема, ние ќе се бориме до крај. На овие натпревари го допревме дното па затоа ова СП е можеби и добредојдено, сега треба да пробаме со добра стратегија да одиме напред“, кажа Лазаров.