Александар Лазевски ја засили Слобода


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот дефанзивец, Александар Лазевски е ново засилување на Слобода.

28-годишниот Лазевски кој во минатото освои со Партизан три титули шампион на Србија ја прифати понудата на Слобода и договори 1-годишна соработка.

Последниот ангажман Лазевски го имаше во Младост и во текот на својата кариера има играно за Олимпија, Ховерла, Рад, Партизан и Телеоптик. За репрезентацијата на Македонија има одиграно 12 натпревари.