Леао откри зошто ги одбил саудиските милиони и останал во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Рафаел Леао реши да остане во Милан, иако имаше богати понуди ова лето од Саудиска Арабија.

Леао пред неколку месеци потпиша нов договор со „росонерите“ и така за момент ги запре шпекулациите за неговата иднина.

„Никогаш не можеш да ја знаеш иднината, но јас сум во тим кој одлично ме пречека. Ако размислував да заминам, немаше да потпишам нов договор. Сè уште немам постигнато големи резултати за да одам во Саудиска Арабија. За мене Лигата на шампиони вреди повеќе од плата од 10 милиони евра“, кажа Леао.