Леао по мајсторијата: Три години се обидував да постигнам ваков гол (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан славеше со 2-1 против Рома на „Олимпико“, а мечот го одбележа Рафаел Леао кој постигна прекрасен гол.

Леао кажа дека неговиот гол не е случајност затоа што долго време се обидувал да постигне таков погодок.

„Тоа беше гол каков што се обидував да постигнам три години и конечно ми успеа. Без разлика на тоа, најважно беше да победиме бидејќи е тешко да се игра против Рома. Знаев дека ова е посебен број во Милан и чувствувам одговорност. Знам дека можам да направам разлика со топката, но исто така и треба да бранам и да напредувам во секој дел“, вели Леао.