Леброн Џејмс: Ќе се пензионирам кога нема да можам да дадам 100 отсто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Леброн Џејмс потврди дека и следната сезона ќе игра во НБА-лигата за Лос Анџелес Лејкерс, иако се шпекулираше дека ќе замине во пензија.

Џејмс нема намера да се повлече од кошарката, а притоа кажа кога ќе оди во заслужена пензија.

„Кога заврши сезоната, кажав дека не сум сигурен дека ќе играм и понатаму. Сакав да видам дали можам да дадам максимум. Сè уште не е дојден денот да се повлечам“, кажа 38-годишниот Американец.