Леброн Џејмс по новиот пораз на Лејкерс: Уште не знаеме кој ни е стартна петорка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Три дена откако го доживеа најголемиот пораз во кариерата, Леброн Џејмс загуби повторно со Лос Анџелес Лејкерс против Оклахома сити тандер со 23 поени разлика (110-133).

Во поразот од Оклахома, Лејкерс играше без пет кошаркари кои беа дел од основната ротација на тимот.

„Не знам точно што сме како тим. Ги немаме сите кошаркари. Не поминавме доволно време заедно за да видиме кој е стартна петорка, кој ќе влезе од клупа и со кој имаме добар ритам. Но и покрај тоа имаме 11 победи и девет порази, а тоа е импресивно“, кажа Леброн.