Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и ќе влезе во веројатно последната сезона од кариерата, ја држи целата НБА лига во неизвесност. Додека не се дознае каде ќе продолжи да игра легендарниот кошаркар, никој во лигата не донесува клучни одлуки. Поминаа повеќе од две недели откако објави дека го напушта Лос Анџелес Лејкерс и станува слободен играч, но името на новиот клуб сè уште не е познато.
Неизвесноста не влијае само на обожавателите и клубовите, туку и на раководството на лигата. Комесарот Адам Силвер не сака да ризикува со изработка на распоред за следната сезона без информација за новата дестинација на Џејмс. Лигата традиционално планира најатрактивните дуели на кандидатите за титула и најголемите ѕвезди за самиот почеток на натпреварувањето и за 25 декември, па Силвер полека ја губи трпеливоста.
„Неговиот избор на клуб директно ќе влијае на распоредот. Можете да замислите дека не контактираат клубови и телевизиски куќи, сите сакаат да го дефинираме календарот. Тоа се одразува на целата организација, од тоа како ќе ги одредиме натпреварите во неделата на отворањето на сезоната до оние на Божиќ. Би сакал што побрзо да ја објави својата одлука за да можеме да го завршиме распоредот. Неговата одлука ни е потребна”, изјави Силвер.
Самиот Џејмс изминативе денови се појави на неколку јавни настани, но не откри ништо за својата иднина. “Нема да ве терам долго да чекате”, кратко порача тој. Според информациите на водечките американски новинари, одлуката која го запре делувањето во НБА лигата би можела да биде позната почетокот на следната недела.












