Легенда на „ѓаволите“: Не сум лут, но ова е тажно за гледање…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул го прегази Манчестер јунајтед во дербито во Премиерлигата со 4-0, а по мечот разочарувањето кај навивачите е големо затоа што не е сигурно дека ќе обезбедат место во Европа следната сезона.

Легендарниот Рој Кин во една реченица ја опиша целата ситуација со која се соочуваат „црвените ѓаволи“.

„Не сум лут, ова е тажно да се гледа…“, кажа разочараниот Кин по мечот кој се одигра на „Енфилд“.

Тренерот Ралф Рангник не успеа да го крене тимот на повисоко ниво по доаѓањето на местото на Оле Гунар Солскјер и му останува до крајот на сезоната да обезбеди место барем во Лига Европа.