Легенда на Јунајтед му се налути на Солскјер: Погледни се во огледало!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед се во длабока резултатска криза, а тоа го потврди поразот од Манчестер сити во градското дерби.

Незадоволството на „Олд Трафорд“ меѓу фудбалерите постојано расте, а со тоа се зголемува притисокот врз Оле Гунар Солскјер.

Поради тоа и навивачите бараат отказ за Норвежанецот, иако раководството во моментов не планира да го замени со некој друг.

„Да влезе сега Оле тука, би го прашал зошто игра Фред? Сите тренери носат своите одлуки за тоа што ќе прават со фудбалерите, но јас би го погледнал и би го прашал зошто игра со него? Тој мора да се погледне во огледало и да си каже дека мора подобро од ова. Дојде во Јунајтед во тежок период и води еден од најголемите тимови во светот. Но, ако зависиш од Шо и Ван-Бисака… Замисли да зависиш од нив, Оле можеби е најдобро да се ослободиш од тоа“, вели Рој Кин.