Легенда на Јунајтед збесна и жестоко го критикуваше Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба постигна два гола против Вест хем во Премиерлигата, но веднаш потоа против Барселона се загуби на теренот и ги разочара навивачите.

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил имаше остри критики кон Погба поради неговиот катастрофален настап, зашто Французинот изгледал незаинтересирано на теренот.

„Погба игра катастрофална, баш така како што играше пред да дојде Оле Гунар Солскјер. Мислам дека против Барселона не беше заинтересиран за игра. Но, тој е голем фудбалер и мора да се врати во форма“, објасни Невил.

Невил не пропушти шанса да ја искоментира и грешката на Давид де Хеа и го повика да објасни што се случило.

„Знам дека луѓето кажаа дека Де Хеа во последните 12 месеци направи некои грешки, но на многумина тоа не им се допаѓа. Мислам дека е важно тој да излезе пред навивачите и да објасни што се случило“, вели Невил.