Легенда на Ливерпул со јасен став: Ван Дијк најдобар? Тоа е малку претерано…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот фудбалер на Ливерпул, Стив Никол смета дека се уште е рано да се прогласи Вирџил ван Дијк за најдобар стопер во историјата на Премиер лигата.

Холанѓанецот игра одлично во дресот на Ливерпул,  а многумина го сместија меѓу најдобрите во историјата на Премиер лигата.

Некои од нив пак отидоа дотаму и потенцираа дека Ван Дијк е најдобриот играч во историјата на ова натпреварување.

Ваквото мислење не го дели Никол кој смета дека таквото нешто е навистина претерано во овој момент.

„Тешко е да тврдиш такво нешто, но јасно е дека луѓето тоа го зборуваат затоа што Ван ДАјк денес игра фудбал. Нема сомнеж дека е врвна класа, но само две сезони е на највисоко ниво во Ливерпул и мислам дека е претерано да се зборува дека е најдобар во историјата“ –изјави Никол.