Легенда на Рома ќе седне на кормилото на Фиорентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Даниеле Де Роси, легендата на Рома и италијанскиот фудбал, би можел да почне своја тренерска кариера на клупата на Фиорентина.

„Скај Спорт“ објави дека Де Роси, кој се повлече во јануари од активното играње фудбал, наскоро би можел да заплови во тренерските води.

Фиорентина бара нов тренер, поради тоа што клубот игра очајно во последниот период, па управата сака да му даде шанса на Италијанецот.

Тимот од Фиренца сакаше да го ангажира Де Роси, откако му заврши договорот со Рома, но не успеа во намерата, па искусниот фудбалер се пресели во Бока јуниорс.