Легендарен Шпанец порача: Рејес не заслужува херојска почест! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хозе Антонио Рејес почина вчера во сообраќајка на 35 години. Првите информации се дека Шпанецот возел побрзо од 200 км/ч, па му немало спас.

На автопатот А-367 се случила несреќата во сабота во 11.40 часот, кога Рејес излетал од патот и го уништил автомобилот Мерцедес Брабус с550.

Голем број спортисти испратија сочуство до неговото семејство и се простија од Рејес со пораки, но легендарниот голман Сантијаго Канизарес размислува поинаку.

„Неприлагодена брзина е неодговорен став. Во несреќата има жртви освен возачот. Рејес не ја заслужува почеста како да бил херој. Но, тоа не значи дека не жалам поради тоа што му се случи и се молам за неговата душа“, напиша Канизарес.