Легендарниот Де Роси ја продолжува кариерата во Аргентина!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси на крајот на сезоната ќе го напушти Рим, а постои можност неговата кариера да ја продолжи во Аргентина.

Овој 35-годишен Италијанец е голема желба на Бока јуниорс и веќе биле завршени првите преговори.

Спортскиот директор на Бока јуниорс и поранешен соиграч на Роси во Рома, Николас Бурдисо нагласи дека на Италијанецот секогаш ќе му биде отворена вратата од аргентинскиот гигант.

„Досега само разговаравме, а ние сме пријатели и постојано комуницираме. Тоа е вистина. За таков фудбалер нашата врата секогаш ќе биде отворена. Меѓутоа, не сакам ништо да зборувам пред време. На Де Роси му е тешко поради заминувањето од Рома“, вели Бурдисо.