Легендарниот Ферари Ф300 на Шумахер ќе се продава на аукција! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер го возеше легендарниот болид Ферари Ф300 во 1998 година, а наскоро истиот ќе биде даден на аукција во Калифорнија.

Германецот со Ф300 оствари шесто победи во сезоната 1998 година, а следната година Ферари го продаде болидот на приватен колекционер.

Се очекува цената на болидот да биде меѓу шест и осум милиони долари, а аукцијата ќе биде одржана од 18 до 20 август во Калифорнија.

Легендарниот возач во 2013 година заработи сериозна повреда при пад на скијање, а од тој момент нема повеќе податоци за здравствената состојба на Шумахер.