Легендарниот Фернандо Торес соопшти тажна вест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација Фернандо Торес објави дека ја завршува својата кариера.

Торес се огласи преку Твитер и прати порака на своите фанови ширум светот.

„Имам нешто важно да ви кажам. После 18 возбудливи години, дојде време да ја завршам својата кариера. Следната недела во 10.00 наутро по локално време во Јапонија ќе одржам прес и ќе ги објаснам деталите. Се гледаме таму“, рече Торес.

35 годиншниот нааѓач кои игра за јапонскиот тим Саган Тосу, во текот на својата кариера носеше дресови на бројни европски великани.

„Изникна“ во Атлетико Мадрид, а во летото 2007 година премина во Ливерпул каде можеби ги помина и најдобрите денови во кариерата. Сепак, во јануари 2011. година премина во Челси, а подоцна се испостави дека тоа е голема грешка, бидејќи никогаш не заигра на нивото како претходно.

Во продолжението од неговата кариера играше уште и за Милан, а подоцна се врати во Атлетико од каде што замина во Јапонија.

Торес е вистинска легенда на Атлетико МАдрид, но и во репрезентацијата на Шпанија.

За Црвената фурија одигра 110 натпревари и постигна 38 голови.

Во кариерата помеѓу другото го освои Светското првенство, два пати Европското, Лигата на шампионите, два пати Европа лигата и ФА купот.