Легендарниот Ривалдо кажа што мисли за можната размена Пјаниќ – Артур


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Ривалдо смета дека Барселона не треба да го ангажира босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ.

Ривалдо го објасни неговиот став, но во исто време призна дека Пјаниќ е одличен фудбалер.

„Пјаниќ игра за Јувентус и тоа само по себе доволно зборува за каков фудбалер станува збор. Но, и покрај тоа мислам дека Барселона треба да се фокусира на Артур и тоа што ги чека во продолжение на сезоната. Јуве сака трампа меѓу Пјаниќ и Артур. Мело би бил добро засилување за Јувентус, но сметам дека тој треба да остане во Барселона“, кажа Ривалдо.

Јувентус е отворен за размена на Мело, но бразилскиот репрезентативец според шпанските медиуми не сака да се пресели во Торино.