Легендата на Баерн го критикува Салихамиџиќ: Тој мора да внимава што кажува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна, за време на едно интервју, Хасан Салихамиџиќ јасно стави до знаење дека Баерн ќе донесе играчи од светска класа ова лето.

Поранешниот босански репрезентативец не даде конкретни имиња, но истакна дека Баварците ќе бидат активни на пазарот и ќе донесат само квалитетни играчи, сепак, ваквиот настап во медиумите не доби добри реакции.

Германците сметаат дека е „непрофесионален“ пристапот што Баерн ги пропушти Вернер, Зиех, Бергвин …, а критики кон Хасан сега упати и прославениот фудбалер на Баерн, Лотар Матеус.

„Се надевам дека Салихамиџиќ ќе има подобар “нос” за трансфери во иднина. Тој даде 80 милиони евра за Лукас, но тој често беше повреден и не се покажа како профитабилен“, рече Матаус.

“Тој вети одлични трансфери, време е да ги претвориме зборовите во дела. Но, објавувањето на вакви работи е непотребно во моменти кога другите клубови се борат да постојат. Што ако не мораше да почекаме подолго од очекуваното за да се стабилизира спортот? Салихамиџиќ и сите други мораат да се грижат за тоа што го кажуваат во јавноста “, потенцира Германецот.

Според некои информации, листа на играчи  на Салихамиџиќ се Пауло Дибала, Лерој Сане …