Легендата на Старата Дама: Јуве добро се засили, но освојувањето на ЛШ е крупен залак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Фабио Канаваро, даде интересна изјава поврзана за трансферот на Погба во Јунајтед, како и доаѓањето на Гонзало Игуаин.

„Јуве сигурно се засили, имаат длабочина и мислам дека Игуаин е посилен од Мората, но освојувањето на Лигата на шампионите е крупен залак“, рече поранешниот дефанзивец на Наполи, Парма, Интер, Јувентус и Реал за Газета дело Спорт.

„Јуве се навикна да победува во Италија, но во Европа е подруго и не е лесно да се замени Погба. Тој ветуваше не само голови и техника, тој имаше и физичка сила која Миралем Пјаниќ ја нема“.

„Како и силата на Игуаин, ја сакам продорноста на Дани Алвеш на крилата. Но, Алегри допрва мора да пронајде рамнотежа во екипата. За тоа треба време“.