Лејкерс без Леброн и Дејвис го изненади Бостон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс славеше против Бостон селтикс со 114-105, а за „езерџиите“ не настапија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Лејкерс го реши натпреварот уште во првото полувреме, а најефикасен во победата беше Остин Ривс со 32 поени, два скокови и три асистенции.

Во редовите на Бостон најдобри беа Тејтум со 23, како и Хојцер и Порзингис со по 17 поени.

Њујорк никс загуби од Индијана пејсерс со 105-109, додека Кливленд го совлада Мемфис со 108-101.