Лејкерс без Леброн по продолженија го совлада Милвоки (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс оствари победа од 128-124 против Милвоки бакс, додека Далас маверикс славеше против Сакраменто кингс со 132-94.

Милвоки во последната четвртина влезе со предност од 19 поени, но Лејкерс влезе во одлична серија и избори продолженија.

Лејкерс по голема битка и две продолженија успеа да оствари победа, а најефикасен на паркетот беше Ентони Дејвис со 34 поени и 23 скокови, додека Ривас постигна 29 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Далас ја запиша петтата победа по ред во НБА-лигата, а Лука Дончиќ постигна 28 поени и 11 скокови, додека Кајри Ирвинг запиша 24 поени.