Лејкерс не смее да игра во црни дресови во полуфиналето на НБА купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс сè уште не знае за пораз кога игра во црни дресови, но НБА-лигата не им дозволи да ги користи во полуфиналето на купот.

„ЕСПН“ објави дека оваа одлука е поради загриженост за визуелниот контраст меѓу дресовите и дизајнот на теренот кој ќе биде домаќин во полуфиналето.

Лејкерс ќе ги користи традиционалните жолти дресови, додека противникот Њу Орлеанс пеликанс ќе излезе во бели дресови.

Натпреварот меѓу Лејкерс и Њу Орлеанс се игра ноќта од четврток кон петок.