Лејкерс остана без искусен бек до крајот на сезоната во НБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Раџон Рондо го скрши палецот на десната рака во тек на тренинг во спортскиот комплекс во Орландо.

Искусниот плејмејкер поради таа повреда ќе го пропушти продолжението на сезоната, кое е закажано за 30 јули, а го чека и пауза долга од шест до осум недели.

Во момент на прекин на сезоната во март поради пандемијата на Ковид-19, Лејкерс беа лидер во Западната конференција со резултат од 49 победи и 14 порази.

Првиот меч во продолжението од НБА-сезоната ќе го одиграат со градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс.