Лејкерс по долга пауза конечно го надигра Клиперс во градското дерби (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс по пауза од речиси три години конечно го победи градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс со 130-125.

Лејкерс на полувреме имаше негатива против Клиперс, но потоа го сврте мечот во своја корист и поведе со девет поени разлика на две минути до крајот на дуелот.

Клиперс ја надополни негативата и се избори за продолженија во кои Лејкерс беше подобар со 130-125. Леброн Џејмс беше најефикасен во победничкиот тим со 35 поени и 12 скокови, додека Дејвис и Расел постигнаа по 27.

Далас маверикс беше подобар од Чикаго булс со 114-105, а најдобар во победата беше Вилијамс со 25 поени и Хардавеј со 24, додека Дончиќ постигна 18 поени.