Лејкерс пред 13 години се обиде да го донесе Леброн и го понуди Коби: Никогаш не би играл таму!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трагично настраданата легенда од НБА-лигата, Коби Брајант го водеше клубот од Лос Анџелес до пет титули во првенството, а доколку се случел трејдот во 2007 година, можеби титулата од 2010 година никогаш немаше да ја освои Лејкерс.

Лејкерс по заминувањето на Шекил О`Нил во Мајами загуби многу, а Коби не можел сам да ја преводи екипата, па тогашниот менаџер размислувал да го понуди во Кливленд во замеан за Леброн Џејмс.

Коби во еден разговор призна дека никогаш не би заминал во Кливленд и само во неколку тимови би можел да игра.

„Никогаш не би се согласил на тоа. Трејд во Кливленд? Никогаш. Тој тим не бил на мојата листа! Би играл за Чикаго, Сан Антонио или Феникс“, кажа Коби.