„Л’Екип“ лансираше бомба: Меси вечерва оди на прегледи во Париз!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси преку емотивна прес-конференција за медиумите се збогуваше од Барселона. Аргентинскиот фудбалер не можеше да ги сокрие солзите пред големиот број новинари, меѓутоа за време на пресот француски „Л’Екип“ најави бомба.

Францускиот медиум откри дека Меси ги договорил сите детали од трансферот, а во текот на денот се очекува Аргентинецот да слета во Париз, каде што според извори на медиумот би можел да направи медицински прегледи вечерва или утре.

Меси требаше да потпише договор со Барселона, кој му заврши на 31 јули, но тоа не се случи поради ограничувањата на Ла Лига, но и големиот долг на каталонскиот гигант.

Постојат многу заинтересирани тимови за Меси, но очигледно ПСЖ бил убедлив во преговорите со Аргентинецот.