„Л’Екип“ пренесува дека Реал Мадрид влегол во преговори со еден од најбараните таленти во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угледниот француски медиум „Л’Екип“ пренесува дека Реал Мадрид влегол во преговори со тимот на Рен за нивниот голем талент.

17 годишниот Едуардо Камавинга со своите игри во Лига 1 оваа година го привлече вниманието на големитеевропски клубови.

Камавинга заедно со Ансу Фати и нешто постариот од нив, Мејсон Гринвуд, се младите играчи кои го обележаа првиот дел од сезоната во петте најдобри европски лиги.

Станува збор за играч кој игра на средината на теренот и кој оваа сезона има собрано вкупно 21 натпревар во сите натпреварувања.