Леклер доби жестока казна пред трката во Саудиска Арабија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер не успеа да ја заврши првата трка во Бахреин во новата сезона во Формула 1, а сега доби казна за втората трка, која се вози во Џеда, Саудиска Арабија.

Ферари променил електронски компоненти во моторот на болидот, по што се активира казната и Леклер ќе мора да тргне 10 позиции поназад од позицијата која ќе ја освои во квалификациите.

Ферари имаше проблеми со болидите и во текот на минатата сезона, а ниту почетокот на новата не е добар.

„За жал, ќе добиеме казна за Џеда затоа што имаме само две контролни електронски единици за оваа сезона“, кажа шефот на екипата, Фредерик Васер.