Леклер со 430.000 евра им помогна на жртвите во Емилија Ромања

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја продаде кацигата која ја носеше на неговата домашна трка за Големата награда на Монако.

Кацигата се продаде за 306.000 евра минатиот месец, а исто така на аукцијата беше продадена и останатата опрема која ја носел Леклер во Монако, меѓу кои беа комбинезонот за 61.200 евра, чевлите за 20.400 евра и ракавиците за 42.000 евра.

Овие пари, вкупно 429.600 евра, беа донирани за настраданите во Емилија Ромања, која беше поплавена и поради тоа се откажа трката за Големата награда на Италија.