„Лесно е давате голови, само треба да бидете Ибрахимовиќ“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ нагласува дека не е тешко да се постигнуваат голови, кога фудбалер има квалитети како Швеѓанецот.

Швеѓанецот постигна три гола во победата на неговиот тим против Спортинг од 7-2, па така Ибра стигна до бројката од 26 гола во сезона.

„Лесно е да се дава голови, само треба да бидете како Златан. Се обидувам да му помогнам на својот тим како знам. Морам така да продолжам. На мечот сите играа добро, дури иако бевме уморни на крајот“, вели Ибрахимовиќ.

Тимот од Лос Анџелес во моментов е петти на Западот со 14 победи, 13 порази и три нерешени резултати.