Лестер се помири со судбината и најде замена за Бен Чилвел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Лестер тешко дека ќе успеат да го сочуваат својот фудбалер, Бен Чилвел на „Кинг Пауер Стадионот“.

За англискиот репрезентативец постои огромен интерес од Челси, а се споменува и интерес од тимот на Манчестер Сити.

Свесни дека не може да пливаат во морето со  крупните риби, од Лестер влегле во потрага по нов лев бек кој ќе го пополни местото кога Чилвел ќе си замине од клубот.

Изборот паднал на фудбалерот на Саутемптон кој неколку години со ред игра сосема солидно во Премиер лигата, Рајан Бертранд.

Бертранд има уште една година од својот договор со Саутемптон, па Лестер нема да мора да троши многу пари за да го донесе во своите редови.