Лестер Сити останува без најдобриот играч?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веста дека Челси им го зеде Н`Голо Канте ги вознемири навивачите на англискиот шампион Лестер, но тоа што Гвардијан денеска го објави може во целост да ги шокира.

Нивниот најдобар играч од минатата сезона, добитник на наградата за најдобар играч во Премиер лигата, Ријад Марез, одби да потпише нов договор.

Управата на Лестер му понуди неделна плата во висина од 80 илјади фунти, што е двојно повеќе од износот кој го примаше во минатата сезона.

Меѓутоа, Марез, се чини, се одлучи да прифати некоја од бројните понуди од европските гиганти.

За него се борат Челси, Арсенал, Барселона и Реал.