Лев: Вернер мораше да даде гол против Македонија, ама…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер имаше огромна шанса пред голот на Македонија во дуелот со Германија, но тој успеа да го промаши цел гол, поради што се најде на удар на критики.

Вернер во финишот од мечот доби добра топка, но не се прослави, а сега и селекторот Јоаким Лев за „РТЛ“ реши да го искоментира промашувањето.

„Мораше да даде гол, нема сомнеж за тоа. Ни покажа дека знае да дава голови, ама не ја шутна добро топката со лева нога. Ако ја шутнеше со десна, тогаш тоа ќе беше гол. Поразот е наша вина, тоа е големо разочарување за сите“, беше искрен Лев.