Левандовски го прекина молкот: Повтори дека сака да замине од Баерн и го откри новиот клуб!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски повтори дека сака да си замине од Баерн Минхен, а сега индиректно призна дека негов избор за следен клуб е Барселона.

Во разговор за медиумите Левандовски кажа дека Барселона е единствена екипа која покажа интерес по неговата одлука да си замине од Баерн.

„Не сум размислувал за други опции. Сакам да го напуштам Баерн за да се разбудат некои емоции во мене. Тие не сакаа ниту да ме ислушаат до крај“, вели Левандовски.

Полјакот од крајот на сезоната е сè погласен за неговата намера да го напушти Минхен, иако има договор на уште една сезона со Баерн, а од друга страна раководството на клубот не сака да се раздели со Левандовски.