Левандовски изненади: Сакам, но не знам дали ќе заминам, имам уште една година од договорот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски кажа дека има намера да го напушти Баерн Минхен ова лето, иако раководството на германскиот гигант не се согласува со неговото барање.

„Билд“ имаше интервју со напаѓачот, кој призна дека повеќе не е сигурен во својата иднина, па можеби ќе остане во Минхен.

„Не знам дали ќе заминам. Имам договор на уште една година, па од клубот побарав дозвола да ме продаде. Мислам дека е најдобро решение за оваа ситуација“, кажа Левандовски.

Полјакот игра за Баерн од 2014 година, а досега настапи на 374 натпревари, при што постигна 344 голови и 124 асистенции, а девет пати ја освои шампионската титула во Германија.