Левандовски: Клоп има две лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роберто Левандовски зад себе има уште една успешна сезона во дресот на Баерн, сезона во која тој сепак ја испушти Златната топка.

Ливерпул исто така има успешна сезона, освојувајќи ја англиската титула по три децении чекање, под водство на германскиот стратег Јирген Клоп.

Напаѓачот на Баерн, Левандовски зборуваше за Клоп. Треба да се потсетиме дека Полјакот соработуваше со Клоп во период од четири сезони во Борусија Дортмунд.

Левандовски го избра Клоп за свој омилен тренер, пред Пеп Гвардиола.

„Јирген Клоп е мојот омилен тренер, а по него тоа е Пеп Гвардиола. 100%“, изјави Левандовски за ЕСПН и продолжи:

“Клоп има две лица … Може да се види дека понекогаш тој е како татко, но има и другата страна, страната на тренерот, менаџерот. Тој е во состојба да ви каже сè, а јас не зборувам само за добри работи …”

“Тоа е голема мотивација. Тој тоа го прави совршено затоа што има линија и тој знае каде и колку може да ве поттикне … Неговите тренерски резултати се одлични, но тој не само што е одличен како тренер, туку и како човек”, рече Левандовски.