Левандовски користи бизарно правило за да замине, а тоа ќе ги налути сите во Баерн Минхен


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски сака да си замине од Баерн Минхен и тоа неколку пати јавно го повтори, иако управата на клубот не сака да го пушти искусниот фудбалер.

Баварскиот гигант соопшти дека нема да го продаде Левандовски и сака да го задржи до крајот на договорот, но тоа го налути 33-годишниот напаѓач кој е подготвен да направи преседан.

„Мојата ера во Баерн е завршена, не гледам можност повеќе да играм за тимот. Баерн е сериозен клуб, но мислам дека нема да ме задржи. Не сакам повеќе да играм за нив“, кажа Левандовски.

Според правилникот на ФИФА, фудбалер кој е постар од 28 години и има две или помалку години од договорот, може да си го откупи остатокот за помалку од 20 милиони евра и да стане слободен играч.