Левандовски: Се чувствувам како дете со нова играчка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски го постигна првиот гол за Барселона изминатиот викенд, а во новото интервју откри како се чувствува по доаѓањето во каталонскиот гигант.

Левандовски кажа дека ја разбира ситуацијата и гневот во Минхен поради неговото заминување, но сепак морал да ги задоволи своите потреби.

„Знам дека повредив голем број навивачи и можам само да им се извинам. Морав да направам ваква промена. Сите сме луѓе и по 12 години во Германија, јасно ми беше дека мојата ера заврши. Беше тешка ситуација за сите, но сепак моравме да најдеме најдобро решение“, вели Полјакот.

Барселона го купи Левандовски од Баерн Минхен за 45 милиони евра плус пет милиони за бонуси.