Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сè уште има мака да ги среди финансиите на каталонскиот гигант, а во разговор со медиумите откри дека добил помош од полскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Левандовски се понудил и побарал помала плата од гигантот од Каталонија со цел да ѝ помогне на екипата.
„Морам посебно да го споменам Левандовски затоа што покажа колку му значи Барселона. Кога слушна дека се трудиме да ги задоволиме правилата на финансискиот фер-плеј, Роберт се понуди да ја намали платата“, кажа Лапорта.