Левандовски за пречекот во Минхен: Поминав моменти кои не може да ги заборавите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски летово ја засили Барселона, откако во претходните осум години го носеше дресот на Баерн Минхен.

Левандовски си замина од Минхен со нерешени проблеми, па дел од навивачите застанаа против него.

Меѓутоа, дел од фановите ги почитуваат неговите успеси во Минхен и решија да го поздрават со аплауз во мечот од Лига на шампиони (ЛШ).

„Благодарен сум на навивачите за начинот на кој ме примија. Навистина ми беше важно тоа. Не беше лесно, но тие ме почитуваат. Во Минхен поминав долг период кој не може да го заборават“, вели полскиот напаѓач.