Леверкузен доведе голман, дали Лено заминува?


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


“Аптекарите” во своите редови го доведоа голманот на Инглоштад, па сега се поставува прашањето дали Бернд Лено ќе остане во клубот.

Ново засилување за Баер е Рамазан Озкан.

Овој 31 годишен голман во овој момент се наоѓа со репрезентацијата на Австрија на Европското првенство во Франција, сепак тој е резервна опција бидејќи Алмер е неприкосновен помеѓу стативите. Озкан беше член на репрезентацијата и во 2008 година кога Австрија беше еден од домаќините на Европското првенство, но и тогаш беше резерва на Алекс Манингер.

Популарниот “Рамбо” е роден во Австрија во семјство на турски иселеници, а во текот на професионалната кариера настапуваше уште за Австрија Луштеану, Ред Бул Салзбург, Хофенхајм и Инглоштад.

Останува да се види дали Леверкузен го доведе да биде замена за Лено или неговото доаѓање значи дека Лено ќе добие “зелено светло” да го напушти клубот.

Озкан со “Аптекарите” потпиша тригодишен договор.