Ликот на Марадона наскоро ќе се најде на банкнота!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември во неговиот дом од срцев удар, а сега неговиот лик би можел да се најде на банкнотата од 1.000 пезоси.

Членка на Домот на сенатори, Норма Дуранго, побарлаа банкнотата од 1.000 пезоси да го носи ликот на Марадона од едната страна, додека на другата да биде голот со „Божјата“ рака од 1986 година.

„Идејата е да му се оддаде почит на поранешниот фудбалер, но и да се развие туризмот. Веруваме дека секој кој ќе дојде во Аргентина, ќе сака да си замине со таква банкнота“, кажа Норма.

Ова сигурно ќе натера многу луѓе да заминат во Аргентина токму поради оваа причина, а нема сомнеж дека нејзиното барање наскоро ќе биде прифатено во Домот на сенатори.